fbpx

Беспилотни автомобили ќе доминираат на пазарот по 2025 година

Волуменот на светските пазари на беспилотни возила ќе се зголеми рапидно по 2025 година

Во тоа време автономните автомобили ќе заземаат околу 40% од вкупниот број произведени автомобили, тврди во својата анализа британска компанија за истражување на пазарите.  Според прогнозата, во светот во 2025 година ќе бидат продадени 35 милиони нови автомобили со автономни системи. Се очекува дека за седум години на пазарот ќе останат максимум  три главни производители кои ќе нудат автоматски решенија. Но, кои ќе бидат, сè уште не е јасно. Експертите се на мислење дека главниот фактор за развој на беспилотни возила ќе биде можноста за размена и обработка на податоци во реално време.

Автомобилските производители ќе можат да создадат единствен екосистем за транспортни средства со вештачка интелигенција уште во 2020 година.

За да се постигнат овие проекции, голем дел од влади во светот ќе треба да ги променат своите законодавства. Ова ќе им овозможи на беспилотните возила да се користат како полноправни учесници во сообраќајот. Покрај тоа, ќе треба да се развие инфраструктурата за нивно користење, а ќе се потпира претежно на системот за глобално позиционирање (GPS).

Поврзани вести

Back to top button