ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Беспилотните возила на Tesla ќе бидат подготвени за 6 недели

Функцијата автоматско паркирање на Tesla Motors ќе биде целосно подготвена за 6 недели, опција со која сите превозни средства на марката ќе можат самостојно да се движат и да бараат слободни места и дури да ги препознаат знаците за паркирање

Ова го соопшти на Twitter основачот и генерален директор на американскиот производител на електрични возила Елон Маск. Тој прецизира дека обновената функција ќе биде достапна за сите модели на Tesla, произведени во последните две години.

„Автомобилот ќе може да стигне до местото на кое се наоѓате и да се ориентира по телефонот, односно да ве следи како домашното милениче. Единствено што треба да направите е да ја активирате апликацијата на Tesla во вашиот паметен телефон“, напиша Маск.

Обновената услуга ќе им овозможи на сопствениците на електромобил да управуваат со нив од далечина, имајќи го предвид радиусот. Во моментов Tesla Model S располага со функција за паркирање во тешко достапни места, а исто така може да се пресели далечински на кратки растојанија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close