fbpx

Без Opel на салонот во Женева?!

Германската компанија Opel нема да учествува на претстојниот салон на автомобили во Женева, во март

Германската компанија Opel нема да учествува на претстојниот салон на автомобили во Женева, во март, поради притисокот од новиот сопственик PSA Peugeot Citroen за да ги намали трошоците и загубите.

Веста официјално беше потврдена од портпаролот на РЅА. По моќната моделска офанзива во 2017, оваа година Opel нема да поднесува нови остварувања, туку само верзии на постојните, на чело со Insignia GSI. Инаку, Opel е присутен на Женевскиот салон долги години, но во сегашната одлука има одреден логика – по седумте нови модели, претставени во 2017, во новата година компанијата нема ниту една суштинска премиера. Индивидуалните нови модификации, како што е спортската верзија на Insignia, ќе бидат претставени на свои сопствени настани.

Opel

PSA потврди дека ова е нова групна политика што важи за сите брендови. Кога нема значаен нов производ, индивидуалните брендови ќе прескокнат големи изложби за да ги зачуваат постојано растечките трошоци. Во Женева нема да биде и луксузниот бренд DS, па Групацијата ќе биде претставена само од Peugeot и Citroen.

Салонот во Женева, кој ги привлекува автомобилските гиганти најмногу од сите поголеми изложби, до сега не е одбиен од голем производител. Од друга страна, минатогодишниот Франкфурт беше пропуштен од Peugeot и DS, Volvo, Nissan, Fiat и Jeep. Претходно во Париз беа отсутни Ford, Volvo и Mazda.

Opel

Поврзани вести

Back to top button