fbpx

Безбедносниот ремен полни 60 години

Најзначајниот пронајдок во областа на безбедноста на патиштата досега има спасено над 1 милион животи

Над 1 милион човечки животи се спасени благодарение на безбедносниот ремен од денот кога е измислен во 1959 година до денес. Тоа го прави најзначаен пронајдок во областа на безбедноста на патиштата.

Непосредно пред 60 години, инженерот на Volvo – Нилс Болин го измислува модерниот безбедносен ремен кој се врзува во три точки. Компанијата почна да го користи во своите возила, но откако се утврди колку животи можат да бидат спасени со масовната употреба, брендот го отвора патентот и овозможува бесплатна апликација кај сите производители на автомобили. Оваа одлука се покажа клучна за намалување на жртвите во сообраќајни несреќи во целиот свет.

„Нема друг систем за безбедност, кој е пропорционален со ременот, кога зборуваме за спасување на животи. Тој е искористен максимално кај сите возачи, па дури и кај возачите на камиони, иако верувањето дека се помалку ранливи поради големината на возилото е погрешно“, Објаснува Ана Берлинг, директор за безбедност на патот и производите Volvo Trucks.

Неколку факти за безбедносниот ремен:
• Според експертите, употребата на сигурносен појас може да ги зголеми шансите за преживување за 40-60%
• Според студијата на Volvo Trucks од 2017 година, половина од возачите на камиони погинати во сообраќајни незгоди ќе преживееле ако користеле сигурносен појас.
• Во последните 25 години, како резултат на зголемената употреба на сигурносни појаси, смртноста опаднала за 20% во Велика Британија и 25-30% во Германија
• Првата земја која воведе задолжително врзување беше Австралија во 1970 година. Казните за сторителите беа многу сериозни, но ова резултираше со 20% помалку смртни случаи од несреќи.
• Прицврстувањето на ременот трае две секунди, а може да се покаже како одлучувачко.

Поврзани вести

Back to top button