fbpx

BMW 7 Хибрид станува помоќен

BMW планира да го освежи својот plug-in хибриден опсег со нов модел во 2019 година, најавува Bmwblog. Заедно со дотерувањата на Серијата7, пристигнува и изведбата 745e, која ги замени верзиите 740e и 740Le.

Моделот на BMW 7 ќе биде придвижуван од 2,0-литарскиот 4-цилиндерски бензински мотор B48B20 со турбополнач. Ќе биде позајмен од 740e, како и  електромоторот, осумстепената автоматска трансмисија и комплет батерии. Моќта на системот ќе биде околу 390 „коњи“, а во сегашната модификација на 740e таа изнесува 322 КС.

Зголемувањето на моќноста ќе биде можно благодарение на новиот мотор и батерии од BMW i3 и i3S. Тие имаат повисока густина од оние инсталирани на 740e, а се вградуваат и во кросоверот X5 xDrive40e. Со новите батерии, 745e ќе има зголемена автономија само на режим на струја, но сé уште не е познато колку. Сегашниот BMW 740e при модификација со заден пренос може да помине 40 километри со едно полнење, според NEDC.

Покрај тоа, новиот модел ќе може да се полни од безжична станица за полнење, како и кај BMW 530e. BMW 745e исто така ќе ја добие најновата верзија на дигиталниот инструмент-панел Live Cockpit, кој ќе биде позајмен од Серија 8 и Z4.

BMW 7

Се очекува дека BMW ќе ја ажурира Серијата 7 со класичните мотори на есен, а 745e ќе биде претставена на почетокот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button