fbpx

BMW 9 ќе биде ривал на Mercedes-Maybach S600

Гамата на BMW наскоро би можела да биде збогатена со уште еден модел, дизајниран од шефот на овој оддел на брендот, Адриан ван Хојдонк. Со Series 9 BMW ќе „изврши“ директен удел врз ривалот, луксузната лимузина Mercedes-Maybach S600, иако Баварците подготвуваат купе со 4 врати.

Чисто технички BMW 9 нема да има некои кој знае какви новини, бидејќи моделот, слично на новата Series 8, ќе користи шасија, како и мотори и други компоненти од лимузината Series 7. „ Веќе потенцирав нема да запреме со Series 8″, објасни Ван Хојдонк на прашањето дали BMW планира уште поголема класа.„Нашата работа дава повеќе идеи од моделите што може да ги направи компанијата. Јас и мојот тим работиме на модели за 2021 и пошироко, досега нашиот хоризонт е 2030 година. Имаме многу планови“.

Не е тајна дека во плановите на BMW е и промоцијата на палета луксузни модели. Брендот неодамна претстави нов дизајнерски јазик кој е ориентиран кон „пребирливите“ клиенти на глобално ниво. Неодамна презентиранстс Series 8 е првиот модел со овој пристап, а подоцна – во 2018 се очекува новата да добие и верзија со четири врати.

„ Series 8 е почеток на ново поглавје во развојот на BMW серијалот”, додаде Ван Хојдон. „Секој купе доведува до нова фаза во развојот на еден бренд. Оваа е точно за овој автомобил. Треба да видите што ќе сториме со моделот со еден број повеќе?!“

Поврзани вести

Back to top button