BMW исто така го пропушта салонот во Детроит во 2019
Германскиот производител BMW нема да учествува во автомобилскиот саем во Детроит, во јануари следната година, потврди официјално компанијата во соопштението до медиумите и најави дека „бара алтернативни платформи и формати", за да го претстави своето ново производство
Одлуката на Баварците доаѓа околу еден месец, откако шефовите на Mercedes најавија дека брендот ќе го пропушти салонот во Детроит во почетокот на 2019. Но, главниот извршен директор на Daimler, Дитер Цетче, појасни дека очекува Mercedes да се врати во автомобилската престолнина на Америка во 2020 со премиери на нови производи.
Тој додаде дека последните години можат да бидат идентификувани како тешки за салонот во Детроит, бидејки тој се повеќе станува жртва на две недели порано одржуваниот саем на електроника во Лас Вегас (CES), кое се претпочита од автомобилските компании за настап, со цел воведување нови модели и технологии.
Затоа, организаторите на Детроит, размислуваат да го преместат одржувањето на салонот од јануари во октомври. Ова ќе го реши проблемот со CES, но тоа ќе создаде нови тешкотии. Автомобилскиот салон во Париз се одржува во почетокот на октомври.
Лесно е за таа година кога се одржува салонот во Франкфурт, во септември, но со оглед што врвните европски манифестации се биенални, а онаа во Детроит секоја година ова ќе биде мошне тешко остварливо. Згора на тоа, тука е и салонот во Лос Анџелес, кој се одржува во ноември, кој исто така може да влијае на интересот на американските компании кон салонот во Детроит.