fbpx

Авто Плус на BMW Driving Experience

Во околината на Минхен на полигонот на BMW M и по патиштата до јужен Тирол ги тестиравме новите технолошки достигнувања во BMW 5

Во околината на Минхен на полигонот на BMW M и по патиштата до јужен Тирол ги тестиравме новите технолошки достигнувања во BMW 5. Зад седмата генерација на еден од најуспешните бизнис седани во светот е приказната која започна пред 45 години. Стратегијата наметната од пред неполни пет децении од страна на баварскиот производител продолжува во ист стил, но се разбира во склад со современите трендови, па и ова најново поколение има за цел да ја покаже насоката на развојот на автомобилите во класата.

Луксузот, технологијата, динамиката и комфорот, дополнети од типичното спортско однесување на патот за BMW, секогаш ја издвојувале Серија 5 од останатите, па така е и сега. Потврда за успешната приказна секако е фактот што од 1972 година до денес од BMW им се испорачани на клиентите клиенти близу осум милиони „петки“.

BMW Driving Experience

„Седмата генерација на BMW Серија 5 го покажува патот кон иднината, кој ние ја дефинира со нашата нова стратегија NUMBER ONE> NEXT. Главните фактори за успехот се технолошкото лидерство, високо емоционалните производи и дигитализацијата. Со проширувањето на палетата во високите класи ние одговараме на желбите на многу клиенти. BMW 5 поставува нови стандарди, не само во технолошки поглед, туку ќе воодушевува и со својот шарм, што не беше пракса за високо стилските лимузински изведби.

Тоа е она што треба да не издигне повторно во категоријата „бизнис седан“, потенцираат од BMW AG. Баварците се доследни во своите поставки и тоа ни го потврдија нашите домаќини на дружењето во околината на Минхен. Основна цел на организаторите на оваа средба беше првенствено да ни ги покажат елементите со кои „петката“ се наметнува, односно врвните технолошки достигнувања и рака на срце-успеаја!

BMW Driving Experience

Но, да почнеме по ред. Доследното спроведување на концептот за олеснување на конструкцијата – BMW EfficientLightweight, со поголема употреба на висококвалитетни материјали, придонесува за намалување на тежината на возилото до 100 килограми во однос на својот претходник. Всушност, надградена е врз CLAR, која се користи и за BMW 7, но се разбира модифицирана на свој начин, без карбонски елементи, со повеќе високо квалитетен челик, алуминиум, магнезиум и титаниум.

Ова е тој „нов свет“ за Баварците, кои велат дека оваа платформа е вистински „технолошки бисер“, врз кој ќе бидат надградени скоро сите нови модели со заден погон. Ова можеше да се почуствува на дестинациите кои беа замислени за овој настан, вообичаената за BMW избалансирана распределба на тежината, која комбинира максимално динамично искуство при возењето и можноста за управување со задните тркала, кои можат да се завртат до три степени, пропратени со типична за „петката“ удобност и комодитет.

А, на посебно подготвениот тест полигон во контекст на ова ни беше потенцирано за ново конструираната суспензија и нискиот центар на гравитација. Множеството опции за потпирање и активно управувачките состави можат да бидат комбинирани и со интелигентен двоен погон xDrive, па овој сеопфатен пакет, кога е во прашање динамиката на управување, ја вбројува BMW 5 според тестовите повторно на врвот. За ова свој удел секако има и врвната аеродинамичност, па со коефициент на отпор на воздухот од Сd=0,22 новата Серија 5 седан постигнува најдобра вредност во својата класа.

Со бројните асистирачки системи BMW 5 обезбедува максимална поддршка на возачот – не само во критични, туку и во не толку тешки ситуации како метеж, густ сообраќај или монотони делови на автопатите. Освен тоа, возилото сериски е опремено со стереокамера која ја следи зоната околу возилото во интеракција со опционалните радарски и ултразвучни сензори.

Освен асист составот за избегнување на пречки и предупредувањето за вкрстен сообраќај, новина кај BMW 5 е системот за менување на лентата, како и помошниот состав за одржување на тракеторијата со активна заштита против страничен судир. Последниот состав ги следи сообраќајните знаци и ситуацијата на патот на возилото и при опасност од судир активно му помага на возачот преку корективни интервенции во управувањето.

Проширена е и функционалноста на опционалниот активен автопилот (Active Cruise Control, ACC) и на ситемот за вртење и водење во лентата со кое BMW Серија 5 го прави следниот чекор кон автоматизирање на возилото (Ниво 2 – автономно управување со асистенција на возач). Практично на обележан пат можете да го оставите возилото да зголемува – намалува брзина, врти во свиоци, сопира и тргнува, како и да ги прати ограничувањата на знаците – без ваша интервенција(или додека читате весник).

Системот функционира до брзина од 210 km/h. Интелигентната автоматска функција нуди уште повисок комфор при патување, а ние го пробавме во пракса и потврдуваме – функционира!. За уште полесно управување новата BMW Серија 5 е опремена со iDrive од следната генерација. При врвно ниво на опрема навигацијата, телефонот, забавни предлози и автомобилските функции се прикажани на 10,25-инчен екран со висока резолуција. Во зависност од изборот на возачот управувањето може да се врши со контролорот на iDrive, со гласовни команди, со гестови или преку директно допирање на површината на екранот.

Податоците за управување со графички слики можат да бидат подредени слободно од возачот и постојано покажуваат ажурирани содржини на скриените зад нив менија. Колор BMW Head-Up дисплеј од најновата генерација е зголемен за 70% површина на проекцијата и отсликува сообраќајните знаци, листите со телефонски броеви, станиците, музичките наслови, упатствата на навигациониот систем или предупредувањата на асист- системите.

BMW Driving Experience

Новата BMW 5 импресионира во однос на поврзувањето, а меѓу нив новиот предлог ParkNow за дигитално резервација и плаќање на паркинзи, интелигентна пребарување на паркинзи On-Street Parking Information или опционалниот Асистент за паркирање кој препознава слободните паркинзи и автоматски го паркира возилото. Со услугата Microsoft Exchange корисниците на Microsoft Office 365 за прв пат ќе можат да синхронизираат пораки, записи од календарот и контакти и да ги обработуваат во возилото.

Со опционалниот систем Remote Parking маневрирањето во повеќето тесни паркинзи може да биде извршено преку управување со клучот на возилото, што исто така го пробавме на полигонот. Покрај тоа дополнително е оптимизирана и интеграцијата на Smartphones – преку Apple CarPlay, кој за првпат е интегриран целосно безжично од производител на автомобили, со индуктивно полнење на телефонот до WLAN Hotspot за 10 уреди.

Во Европа се нуди и BMW Connected, личниот, дигитален асистент за мобилност на BMW. Возачот може да ги следи информациите поврзани со неговиот мобилен. Кон ова е и опцијата Remote 3D View, со која возачот може да следи на смартфонот тродимензионални слики на зоната околу возилото за време на возењето – така тој секогаш може да го гледа својот автомобил. Сите мотори се од новоразвиеното семејство агрегати на BMW EfficientDynamics.

BMW Driving Experience

Благодарение на технологијата BMW TwinPower Turbo тие комбинираат исклучителна моќ со незаменлива ефикасност. На пазарот се нуди избор помеѓу два дизел и два бензински мотори, по избор со заден погон или со интелигентен погон BMW xDrive. Новиот 2.0-литарскиот во линија мотор на BMW 530i со максимален вртежен момент од 350 Nm и максимална моќност од 252 КС.

Врвниот мотор кај новото BMW 540i развива 340 КС, односно 3.0 во линија шестцилиндричен мотор кој развива максимален вртежен момент од 450 Nm. Четирицилиндерскиот дизел мотор на BMW 520d развива 190 КС и максимален вртежен момент од 400 Nm. Новата BMW 530d исто демонстрира поголема динамика и ефикасност. Со моќноста од 265 КС и максимален вртежен момент од 620 Nm тоа значително е подобрен во однос на шестцилиндерскиот мотор на својот претходник.

Поврзани вести

Back to top button