НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

BMW ги претстави специјалните M4 Edition M Heritage

Со цел да оддаде почит на наследството на компанијата во моторспортот, BMW ја покажа специјалната едиција на M4, наречена M4 Edition M Heritage

Производството на новиот M4 Edition M Heritage ќе биде опфатено со само 750 примероци ширум светот, а клиентите ќе можат да избираат само помеѓу палета составена од три бои и тоа Laguna Seca Blue, Velvet Blue metallic и Imola Red. Сите примероци ќе доаѓаат со кров засилен со јаглеродни влакна и декоративна лента во боите на BMW M. Исто така, дел од новата едиција се и 20-инчни M алуминиумски фелни.

Внатре, Imola Red примероците доаѓаат со црни кожни елементи по седиштата и деловите на вратите, кои одлично се совпаѓаат со надворешната боја на автомобилот. За разлика од ова, Laguna Seca Blue и Velvet Blue Metallic се опремени со бело-црни кожни седишта, на чии наслон за глава пишува „M Heritage“. Ограничената серија е одбележана со „1/700“ натпис на централната табла.

M4 Edition M Heritage

Специјалното издание нема никакви механички промени, што значи дека M4 Edition M Heritage се напојува со дво-турбински 3,0 литарски шест-цилиндарски мотор, со моќност од 444 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Од BMW не открија дали погонската единица ќе биде пропратена од шест-степен рачен или седум-степен автоматски менувач со двоен спојка.

Производителот соопшти дека производството и продажбата на новите M4 Edition M Heritage ќе започне помеѓу ноември 2019 и април 2020 година, а цените ќе бидат дополнително објавени поблизу до датумот на започнување.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close