НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

BMW го лансираше производството на новата 7 Серија

BMW објави дека пред неколку дена во комплексот на брендот Dingolfing започна официјалното производство на новата Серија 7

„BMW Серија 7 го одредува нашиот идентитет во текот на повеќе од 40 години“, коментира Илка Хорстмаер, директор на BMW Group Plant Dingolfing. „Ние сме горди што врвниот модел на BMW ќе се произведува тука кај нас“.

BMW

Од почетокот на составувањето на првата BMW Серија 7 во 1977 година, во Dingolfing се произведени повеќе од 1.9 милиони претставници на врвниот модел. Минатата година, повеќе од 90% од сите негови единици биле наменети за меѓународните пазари, а 44% од реализираните единици се нашле во Кина.

Серија 7 продолжува да биде достапно во две основни верзии на каросерија, онаа која сите ја познаваме и долгата каросерија која доаѓа со 14 сантиметарски зголемување на меѓуоскиното растојание и опипливо повеќе простор за патниците на задните седишта.

Една од најинтересните модификации на Серија 7 е неговата прва plug-in хибридна верзија со шестцилиндричен агрегат и ознака 745e / 745Le, кој развива максимална моќност од 286 коњски сили и дополнителни 113 коњски сили од електричниот мотор за вкупна максимална моќност од 394 коњски сили.

Благодарение на последната генерација на батерии, хибридната верзија на Серија 7 е во состојба да понуди движење во чист електричен режим од 58 километри.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close