fbpx

BMW M8 Gran Coupe дебитира со моќен V8

4,4 литарскиот V8 кај BMW M8 Gran Coupe испорачува 600 КС, а моќноста расте на 625 КС кај BMW M8 Competition Gran Coupe

BMW го претстави новиот M8 Gran Coupe, кој покрај стандардната, доаѓа и во Competition изведба. Двете верзии се погонувани од 4,4 литарскиот V8 мотор, кој кај стандардниот модел испорачува моќност од 600 коњски сили и вртежен момент од 750 Nm и поврзан е со осум-степениот M Steptronic менувач. Кај Competition, моќноста расте на 625 коњски сили, додека пак вртежниот момент е ист со 750 Nm.

Како резултат на ова, M8 Gran Coupe развива до 100ка за 3,3 секунди, пред да ја достигне максимално ограничената брзина од 250 km/h или 305 km/h кога е опремен со опционалниот M Driver пакет. Благодарение на дополнителните 25 коњски сили, M8 Gran Coupe Competition до 100 km/h забрзува за 3,2 секудни, а максимално ограничената брзина останува иста со 250 km/h или 305 km/h.

Во поглед на перформансните подобрувања, M8 добива ревидиран преден систем за потпирање со две „V“ водилки, со специјално изработени елементи. Задниот систем за потпирање е мулти линк, со пет M врски и исклучително цврсти торзиони стабилизатори. Тука е и М-диференцијалот, М-системот за управување и М-адапртивната суспензија.

Што се однесува до изгледот, предниот дел се пренесува во голема мера од купе и кабрио изведбите, па така моделот има црна предна решетка-„бубрези“ и масивни воздушни отвори. Спортскиот стајлинг продолжува понатаму, бидејќи Gran Coupe има аеродинамички ретровизори, карбонски покрив и 20-инчни алуминиумски тркала. Позадни, M8 има агресивен заден браник, спојлер и издувен систем со четири врва. За поексклузивен изглед, клиентите можат да го нарачаат и дополнителниот M Carbon пакет за надворешност.

Движејќи се кон кабината, возачите ќе најдат широк асортиман на M-детали. Тука вклучени се М спортските седишта, М-кожниот управувач и уникатната менувачка рачка. M8 исто така има и 12,3-инчен дигитален инструмент кластер, 10,25-инчен инфозабавен систем и head-up дисплеј. Другите важни елементи карбонски завршетоци, амбиентално осветлување и безжичен полнач за паметни телефони.

Поврзани вести

Back to top button