fbpx

BMW го менува името на луксузната серија 7?

Појавата на проширена верзија на BMW 7 со V12 мотор и погон на четири тркала беше минатата година

Меѓутоа, на салонот за автомобили во Женева, лимузината беше претставена под ново име. Не само BMW 7, туку BMW the 7.

Самата машина е добро позната, M760Li xDrive се потпира на 6,6 литарски V12 мотор кој развива 610 КС. Ова не е само најмоќната BMW 7 во историјата на моделот, туку и најбрзата. Забрзувањето на The 7 од 0 до 100 km/h трае 3,7 секунди. Максималната брзина на луксузниот седан е ограничена по електронски пат на 250 km/h, но по желба на клиентот и додавањето на специјален пакет понуден како опција, таа може да биде преместена на 305 km/h.

The

Што се однесува до името, засега нема официјална потврда од страна на Баварците, но според некои западни медиуми, BMW сепак ќе ги „прекрсти” најлуксузните верзии на предводникот. Така седумте верзии ќе бидат наречени The7, што ќе ја нагласи нивната ексклузивност.

The

Поврзани вести

Back to top button