BMW сака да го надмине Mercedes до 2020 година
Долги години BMW беше премиум производител број 1 во светот, но во последните неколку години Mercedes-Benz ја презеде оваа титула од Баварците
Сега тие се цврсто решени да го вратат првото место, а имаат и своја стратегија, вели директорот на фирмата, Харалд Кругер.
– Во 2020 година ќе бидеме повторно број 1, истакнува Кругер во интервју за германското издание Manager Magazin. – Веќе имаме план со мојот тим да ја оствариме оваа цел. Знам дека нема да е воопшто лесно, но веќе имаме своја стратегија, која очекуваме ако не се случат некои недоследности на пазарот да профункционира според нашите желби. Но, не е доволно да сме само на врвот во однос на продажбата, сакаме да сме број еден во задоволство на корисниците, а тоа треба да биде стимул за нашите вработени.
Минатата година, BMW успеа да пласира 2.09 милиони автомобили, додека директниот ривал од Mercedes оствари 2.29 милиони продажби, што е речиси 200.000 повеќе. Планот на Баварците е што повеќе новини на пазарот во наредните две години, па очекуваат Mercedes да биде надминат до 2020 година, па повторно да се најдат на тронот во премиум сегментот.