BMW со награда за најпрактичен автомобил

Експертите од изданијата на What Car? и Practical Caravan, како и членови на Клубот на љубителите на кампирањето и автомобилскиот туризам, го избраа победникот во натпреварот Tow Car Awards 2018

За првпат признанието го освои модел на BMW -520d xDrive Touring. За одредување на победникот организаторите одржаа голем број на тестови, а ја оценуваа удобноста за време на патувањето, простор во внатрешноста, можностите на багажникот, експлоатационите трошоци и соодносот цена-квалитет.

Петката“ на BMW победи во изборот, бидејќи пронајдени се минимум слабости. Караванот ги задоволи и доби високи оценки на сите тестирања за влечење на различни товари, а се рангираше и на прво место во категоријата „автомобили со тежина 1.700-1.899 kg.

Победници во другите категории се: Skoda Octavia (тежина до 1.400 kg), Skoda Superb (1.400-1.549 kg), Peugeot 5008 (1.550-1.699 kg), Land Rover Discovery (над 1.900 kg), Volvo XC40 (најдобар семеен кросовер ), Kia Stinger (најдобро бензински автомобил), Volkswagen Polo (најдобар субкомпакт) и Hyundai i30 Tourer (најекономичен автомобил).

Претходно победници на конкурсот Tow Car Awards беа Land Rover Discovery (2017), Skoda Superb (2016) и караванот на Volkswagen Passat (2015).

BMW

Поврзани вести

Back to top button