fbpx

BMW најави елиминација на половина од традиционалните мотори

Германскиот производител го објави финансискиот извештај за изминатата година, но освен бројки, објавија и уште неколку мошне интересни информации

Баварскиот бренд го објави финансискиот извештај за 2019 година, а притоа објави неколку информации кога станува збор за идните планови на компанијата. Интересно, најголем трошок на германската компанија е електрификацијата. BMW на своја кожа почувствува колку всушност е скапо пренасочувањето кон алтернативни погони на автомобилите. Германскиот производител во 2019 година потрошил 12 проценти повеќе за истражување и развој на нови технологии отколку во 2018 година. Тоа ги наведе челниците на BMW да усвојат план за заштеда.

Споменатиот план на компанијата предвидува заштеда поголема од 12 милијарди евра до крајот на 2022 година. Како дел од овие напори ќе биде и напуштањето на 50 проценти од традиционалните погонски единици и преоѓање на се помодерни солуции. Поконкретно објаснување од Баварија засега нема, но речиси сигурно е дека станува збор за SUS агрегатите. Она што е соопштено е дека овој пресек и заштеда ќе трае до 2021 година, па ефектите од штедењето ќе се почувствуваат во целост дури по 2022 година.

BMW

BMW би можел да лансира и поголеми модели

Освен што најавуваат пензионирање на дел од своите погонски единици, во BMW најавуваат дека наскоро ќе извршат и темелна проценка на актуелното портфолио, што во превод значи дека планираат да се откажат и од оние модели кои немаат добри продажни резултати. И покрај ревидирањето на својата гама, BMW планира и низа нови модели, особено во сегментите каде што на еден автомобил може да се заработи многу. Тоа упатува на фактот дека BMW би можел да лансира и поголеми автомобили од актуелните Серија 7 и X7.

Челниците на германскиот премиум производител и покрај сите предизвици остануваат доследни на своите најави, па и понатаму тврдат дека до 2023 година во понудата ќе имаат дури 25 електрифицирани модели, од кои барем половина би требало да бидат целосно електрични автомобили. BMW очекува побарувачката за електрифицирани автомобили да се удвои до 2021 година, како и истата да експлодира во периодот по 2025 година. Стручњаците на брендот од Минхен веруваат дека потоа побарувачката за алтернативни модели ќе расте околу 30 проценти на годишно ниво.

Поврзани вести

Back to top button