BMW не се откажува од својот миниван – пристигнува нов Active Tourer
И покрај најавите дека баварскиот производител би можел да се откаже од новиот Active Tourer Серија 2, наследникот на актуелниот модел веќе е во подготовка
Со оглед на моменталната клима која владее меѓу производителите кога станува збор за миниван моделите, немаше да биде изненадување и ако BMW се откажеше од својот претставник во тој сегмент. Меѓутоа, раководството на компанијата од Минхен одлучи сепак да ја задржи Active Tourer Серија 2, како ривал на новиот Mercedes B класа.
Голем број медиуми веќе ги пренесоа и фотографиите од маскирното претпродукциско возило настанати во снежни услови, а и покрај „камуфлажата“, се чини дека новиот Active Tourer ќе има значително поизразен преден дел со поголема маска на ладилникот.
Освен тоа, изгледа дека „носот“ на возилото сега е повисоко отколку кај претходникот, поради што овој миниван малку потсетува и на кросовер.
BMW засега ги крие информациите за новиот Active Tourer, но познато е дека овој автомобил ќе биде поставе на унапредената верзија на UKL механичката платформа со преден погон. Се очекува дека просторот во кабината ќе биде нешто поголем отколку досега, но и дека надворешните димензии на возилото ќе пораснат.
Моторизацијата извесно ќе биде преземена од новата Серија 1, па треба да се смета и на 1,5-литарски турбо-бензинец со 3 цилиндри и 140 КС, како и на трицилиндричен 1,5-литарски дизел мотор со 116 КС. Покрај нив, понудата ќе опфаќа и четирицилиндричен 2.0 дизел опција во верзии со 150 КС и 190 КС.