fbpx

BMW нема во брзо време да се откаже од дизелот

Скандалот со Volkswagen од есента 2015 година натера многу од производителите да се откажуваат од дизел моторите, а да се фокусираат на бензински, хибридни и целосно електрични агрегати

Некои автомобилски гиганти сметаат дека критиките против дизелот се преувеличени и дека овој тип на мотори има иднина. Еден од овие производители е BMW, изјави на Парискиот саем за автомобили Клаус Фролих, раководител на развојот. Тој им пренесе на новинарите дека неговата компанија има некои од најдобрите дизел мотори во светот, а има и некои од најниските нивоа на емисии.

„Употребата на четири и шест цилиндричен дизел мотор на BMW е целосно безбеден, па во блиска иднина ќе продолжиме да ги развиваме. Под прашање сепак е иднината на нашиот 3.0 литарски мотор со шест цилиндри и четири турбополначи“, објасни Фролих.

Топ-инженерот на баварците призна дека овој мотор, поставен на моделот M550d xDrive, многу тешко ќе може да ги покрие современите еколошки стандарди. Во исто време пазарот на најмоќните дизел мотори е премногу мал и затоа не вреди да се вложуваат огромни средства во овој мотор.

Во моментов 3.0 литарскиот дизел агрегат на баварците се нуди во неколку различни верзии – со една, две и дури со четири турбини, а во BMW не ја отфрлаат можноста тој да остане само во првите две варијанти.

Поврзани вести

Back to top button