fbpx

BMW го обнови својот прв модел со погон на предните тркала

Компанијата BMW ја претстави обновената варијанта на својот прв модел со преден погон компактниот ван Active Tourer и неговата верзија со 7 места Gran Tourer

Основна новина на моделот е 7-брзински роботски менувач со две спојки.

Овој вид трансмисија ќе се нуди како алтернатива на 6-брзинскиот мануелен менувач за сите модификации, со исклучок на верзиите 225i со бензински мотор со 231 КС и 220d со дизел, кој развива 190 КС. Тие ќе добијат 8-брзински автоматски менувач. По дотерување моторната гама на BMW 2 Series Active Tourer ќе се состои од бензински мотори со зафатнина од 1.5 и 2.0 литри, со 109, 140, 192 и 231 КС, како и со дизел со зафатнина од 1.5 и 2.0 литри, чија моќност е 116, 150 и 190 КС. Исто така, ќе има хибридна верзија со 224 КС.

1 | Active Tourer
2 | Active Tourer
3 | Active Tourer
4 | Active Tourer
5 | Active Tourer

    За Gran Tourer, ќе се достапни истите мотори, освен хибридниот и бензинскиот мотор од 231 КС. Сите мотори се надградени до нови шахти и вентили, како и турбини. Дизел моторите се опремени со филтри за честички, како и со AdBlue систем кој ги намалува штетните гасови. Промени има и во дизајнот. Решетката на ладилникот е поголема, има одредени модификации кај каросеријата и во структурата на шасијата. Со доплата, двата автомобили можат да бидат опремени со адаптивни фарови и LED светла за магла. Новите тркала се исто така достапни. Во енериерот е сменет инструмент панелот, зголемен е квалитетот на материјалите, а како опција се нуди 6,5 или 8,8-инчен екран на допир на мултимедијалниот систем, кој веќе работи со гласовна контрола.

    Поврзани вести

    Back to top button