BMW го планира i6 како одговор на E-Tron, EQS и Taycan
Германскиот премиум гигант BMW подготвува модел кој ќе им конкурира на електричните лимузини на своите најголеми конкуренти во индустријата
Со веќе потврдените модели iX3, iNext и i4, кои до крајот на 2021. година ќе бидат претставени, во BMW планираат и други електрични автомобили. Меѓу нив би требало да се најде и BMW i6. Овој модел ќе ги преземе стилските елементи на Серија 8 Gran Coupe со што баварскиот производител ќе му конкурира на Porsche Taycan но и идните модели како што се Audi e-Tron и Mercedes EQS.
Тоа значи дека можеме да очекуваме електрично BMW купе со четири врати и тоа веројатно во текот на 2024. година.
Во гамата по се судејќи ќе се најдат две верзии, послабата ќе располага со два електромотори и вкупно 400 kW/544 КС, а посилната M Performance варијанта со 500 kW/680 КС. Двете верзии исто така ќе имаат и погон на сите четири тркала.
На купувачите на BMW i6 можно е да им се понуди и избор меѓу батерии од 90 kWh која ќе понуди автономија од околу 560 километри, или од 120 kWh која нуди автономија од 700 километри.