BMW ќе го развива најбрзиот дрон!
BMW ќе учествува во развојот на дрон за подобрување на светскиот рекорд на брзина
Баварците ќе се приклучат на проектот Drone Racing League со знаење и ќе ги тестираат дроновите во аеродинамичен тунел во нивниот тест-центар.
Важечкиот светски рекорд за брзина на дрон е нешто над 263 km/h. Минатата година беше поставен со уред со тежина од само 800 грама. BMW верува дека перформансите може да се подобрат со користење на алтернативни материјали и оптимизирање на аеродинамиката.
Трките со дронови стануваат се попопуларен и профитабилен спорт. Drone Racing League дури и потпиша договор за емитување на настаните со ESPN, а најавеното партнерство со BMW ќе привлече други големи компании.