ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

BMW Серија 8 од AC Schnitzer (Видео)

Тјунинг компанијата AC Schnitzer ги сподели првите детали за програмата за доработка на целосно новата BMW Серија 8

Тјунинг компанијата AC Schnitzer ги сподели првите детали за програмата за доработка на целосно новата BMW Серија 8, во која се вклучени подобрувања на погонот, надворешниот и внатрешниот изглед, како и целосно новиот издувниот систем.

Од AC Schnitzer велат дека компанијата нуди гаранција за зголемувањето од 320 на 380 коњски сили кај модификацијата 840d и од 530 на 620 коњски сили кај M850i. Возилата можат да бидат доработени со оптимизирана спортска суспензија, што ја приближува колата кон патот со околу 20 mm, специјално развиени карбонски аеродинамични елементи, алуминиум пакет за педали и прагови, избор помеѓу 20-инчни фелни и друго.

Главен акцент во програмата за доработка на BMW Серија 8 од AC Schnitzer е новиот спортски издувниот систем за топ- модификација M850i.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close