fbpx

Kрај за стандардниот клуч за стартување

Bosch во Франкфурт ќе го претстави иновативниот систем Perfectly Keyless, кој ќе го замени стандардниот контактен клуч

Технолошкиот гигант Bosch најави дека за време на салонот во Франкфурт ќе го претстави за прв пат иновативниот систем Perfectly Keyless, кој треба да го замени стандардниот контактен клуч, како и модерните решенија за безклучен пристап до внатрешноста на возилото.

клуч

Системот Perfectly Keyless на Bosch става крај на потребата на возачот да вади или дури и го носи клучот за палење или картичка, а целата операција по отклучувањето, или заклучување на автомобилот, се одвива целосно автоматски со помош на мобилен телефон на сопственикот.

Perfectly Keyless користи модул за скенирање, кој е во состојба да регистрира присуството на телефонот до два метри од возилото и во зависност од локација го отклучува или заклучува возилото.

При притискање на копчето за стартување на моторот, системот го скенира ентериерот на автомобилот и присуството на мобилниот уред го стартува моторот. Perfectly Keyless му овозможува на сопственикот на возилото да обезбеди „клуч“ за употреба на возилото и на други лица, а целата постапка се спроведува во „облакот“ на услуги и сервери на Bosch.

клуч

Друга интересна новина кај системот Perfectly Keyless е можноста за зачувување на основните поставувања, вклучувајќи позиција на седиштето, воланот и страничните ретровизори, конфигурација на аудио составот, параметри на амортизацијата на возилото и други.

Поврзани вести

Back to top button