НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Bosch со технологија за почисти дизел автомобили

Bosch објави дека компанијата развила технологија за прочистување на моторите, со која тие ќе се во состојба да ги достигнат границите од предвидените норми за 2020 година, па дури и на актуелните дизел мотори

Новата технологија на компанијата, која веќе е достапна и за сериско вградување, е до толку ефективна, што нивото на NOx (азотни оксиди) при нејзина примена можат да се намалат и до 10 пати под утврдените стандарди.„Има иднина за дизелот”, објави Волкмар Денер, извршен директор на Bosch.

„Денес ставиме точка, еднаш и засекогаш, на дебатата за смртта на дизел технологијата”.

Од Bosch велат дека новиот развој на компанијата е во состојба да обезбеди можност на автомобилските производители да ги намалат NOx емисиите на своите дизел автомобили толку драстично што тие непречено ќе одговорат во целост на сегашните прописи. Од компанијата коментираат дека дури и во случај на новите тестови во реални услови (RDE), емисиите од возилата опремени со најнова технологија на Bosch, не само што ќе бидат само значително под нивото на акуталните прописи, туку и во границите на оние кои ќе стапат во сила во 2020 година.

Bosch

„Опремени со најнова технологија на Bosch, дизел автомобили ќе бидат класифицирани како со емисија со ниско ниво и во исто време ќе продолжат да бидат подостапни”, коментираат од компанијата. Од Bosch потенцираат на тоа дека според европското законодавство од 2017 година новите автомобили треба да одделат не повеќе од 168 милиграми NOx на километар во комбиниран реален тест циклус.

Од 2020 година лимитот се очекува да биде соборен на 120 милиграми. Овие импресивни резултати се факт благодарение на комбинација на високо-технолошки вбризгувачки систем, ново развиени воздушни состави и интелигентна термо-контрола. Од Bosch коментираат исто така дека резултатите можат да бидат подобрени уште повеќе преку воведување на вештачката интелигенција и поставуваат амбициозни цели на своите инженери на развој на новата генерација дизел и бензински мотори.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close