fbpx

Brabus со лимитирана серија за G63 4×4² Final Edition

И покрај неговиот гломазен облик, претставникот на специјалната серија 700 4x4² „one of ten“ Final Edition на Brabus ќе биде ѕвер кој ќе „ора“ по асвалтот

Секој еден од автомобилите, развиени врз основа на Mercedes G 63, ќе биде исполнет во црно-бел контраст, со импресивни 60 сантиметри раздалеченотст од патот и со доминантен изглед. Доработката 700 4×4² „one of ten“ Final Edition е опремен со 5.5 литарски twin-turbo, V облик, осумцилиндарски агрегат доработен од Brabus кој е со максимална моќност од 700 коњски сили и максимален вртежен момент од 960 Nm во комбинација со автоматски Speedshift Plus 7G-Tronic менувач.

1 | Brabus
2 | Brabus
3 | Brabus

    Импресивниот теренец, има основна цена од 209.000 евра, а е во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за само 5 секунди, додека максималната брзина на движење е електронски ограничена на 210 km/h поради теренските спецификации.

    Од Brabus велат дека 700 4×4² доаѓа со ентериер во две бои, кожен салон, но од компанијата се подготвени да одговорат на секое барање од страна на клиентот.

    Ова важи со истата сила и во однос на дополнителните дрвени и карбонски апликации во внатрешноста, кои исто така можат да бидат прилагодени, вклучувајќи и боја.

    Поврзани вести

    Back to top button