fbpx

Volkswagen доби нов извршен директор

Германскиот производител Volkswagen од денеска има нов шеф, додека пак стариот извршен директор ќе застане на чело на целата VW групација

На местото извршен директор на Vоlkswagen брендот пристигнува Ралф Брандштатер, додека пак досегашниот прв човек на најпопуларната германска автомобилска марка, Херберт Дис, ќе ја задржи позицијата на шеф на целата Volkswagen групација. Брандштатер претходно беше опреативен директор на брендот Volkswagen, а на новата функција официјално ќе стапи на 1 јули, соопштија од редовите на германскиот автомобилски гигант.

Volkswagen

Досега оваа функција ја извршуваше Херберт Дис, кој всушност се наоѓаше на двете највисоки раководствени позиции, со оглед на тоа дека беше воедно извршен директор на марката Volkswagen, но и целата групација, но Управниот одбор на Volkswagen одлучи Дис во иднина да се фокусира само на VW групацијата.

„Ралф Брандштатер е еден од најискусните менаџери во компанијата. Во изминатите две години тој веќе ја водеше компанијата успешно како главен оперативен директор и играше клучна улога во формирањето на трансформацијата на брендот. Поради тоа сум многу задоволен што Ралф Брандштатер ќе го предводи развојот на брендот како извршен директор по одличните стратешки одлуки во изминатите години“, изјави Херберт Дис.

Од Volkswagen велат дека Ралф Брандштатер е еден од нивните најискусни менаџери и дека веќе се докажал во изминатите две години како оперативен директор на овој бренд, а сега ќе добие шанса да ја развива идната стратегија на VW од највисоката раководствена позиција. Брандштатер е дел од германскиот производител уште од 1993 година. Во следните речиси три децении тој се искачуваше на менаџерското скалило, а еден период беше еден од шефовите на шпанскиот бренд Seat.

Пред најновата одлука на Управниот одбор на Volkswagen се шпекулираше дека на позицијата извршен директор ќе биде поставен Оливер Блуме од Porsche, но таа положба на крајот сепак му беше доверена на Ралф Брандштатер.

Поврзани вести

Back to top button