fbpx

Британски BAC го претстави новиот Mono

Британскиот производител BAC ја претстави новата изведба нa Mono кој е полесен и помоќен во однос на својот претходник

BAC Mono е познат по својата уникатност, а британскиот производител сега ја претстави унапредената верзија на овој модел. Со нов дизајн, поголема моќност и помала тежина од претходно, ја позајмува дизајнерската ДНК од BAC Mono R кој беше претставен минатото лето. Овој модел е легален за користење на јавните патишта ширум Европа и ги исполнува засилените регулации за емисија на штетни гасови и бучава благодарение на својот нов четирицилиндричен мотор со турбополнач. BAC го редизајнираше секој дел од површината на Mono од темел, со што се намали визуелната „маса“ на моделот, што е забележително на предната страна, но затоа тука е подобрата аеродинамиката.

Пред се, тука е новиот 2,3-литарски мотор кој е развиен во соработка со компанијата Mountune и располага со 332 КС, што е за 27 КС повеќе од претходно, како и 400 Nm максимален вртежен момент. Ова придонесува за забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 km/h) да изнесува само 2,7 секунди додека максималната брзина изнесува 274 километри на час. Со цел да ја намали тежината на возилото, BAC користеше 3D печатач и уште неколку техники за намалување на тежината. Тркалата се за 35 проценти полесни од претходно, односно 2,2 килограми што е за 1,22 килограми помалку.

Малата маса на овој едносед, која изнесува само 570 килограми, инаку е добиена со употреба на лесни материјали како карбон, магнезиум и титаниум. Кога станува збор за димензиите, новиот Mono е 25 милиметри подолг и 20 милиметри понизок од претходно, со подобрена аеродинамика, ниско тежиште, модифицирана шасија и трансмисија.

Дел од пакетот на овој автомобил го сочинуваат и AP Racing кочниците, новите тркала кои се полесни од претходно, LED светлата, новите ретровизори, нешто поинаквиот управувач, како и страничните панели во внатрешноста кои се направени од карбон влакна. Цената за новиот BAC Mono во Велика Британија изнесува 165.950 фунти.

Поврзани вести

Back to top button