fbpx

Bugatti ја претстави продукциската верзија на Bolide

Хиперавтомобилот на Bugatti, моделот Bolide, кој минатата година беше претставен како единечен концепт, сега добива и продукциско издание

Иако првично беше замислен како единечен модел и своевидна студија, Bugatti најави дека ќе произведе исклучително ограничена серија на 40 единици од Bolide кои ќе бидат ултра-високо перформансни хиперавтомобили наменети исклучиво за тркачката патека. Првично претставен во октомври минатата година, хиперавтомобилот кој настана како посебен примерок базиран на Chiron, за претходно месецов да се појават шпекулации дека истиот ќе влезе во производство, а сето тоа сега е и потврдено.

Bugatti Bolide е вистинска автомобилска ѕверка со 1.850 КС и максимална брзина од 500 километри на час, а концептот го привлече вниманието минатата година благодарение на спектакуларниот дизајн и импресивните технички спецификации. Самиот модел е изграден околу легендарниот квад-турбо 8,0-литарски W16 мотор на Bugatti, a истиот претставува своевидно екстремно издание на Chiron.

За разлика од концептот, кој користеше тркачко 110-октанско гориво, Bugatti Bolide ќе користи 98-октанско гориво и ќе има моќност од 1.600 КС и 1.600 Nm максимален вртежен момент. Сепак, компанијата истакнува дека Bolide е тјуниран за „повисоки вртежи по минута за користење на патеката, заедно со унапредениот издувен систем со цел да достигне уште побрза, поспонтана и екстремна респонзивност.

Автомобилот исто така е дизајниран да ги пресретне меѓународните FIA безбедносни стандарди. Како резултат на ова, Bolide ќе тежи 1.450 килограми, што е за 210 килограми повеќе од првичниот концепт. Тоа значи дека ќе има сооднос на тежина и моќност од 0,9 килограми по КС.

Bugatti Bolide

Според најавите, секој од 40-те единици на Bugatti Bilide ќе се продава по цена од 4 милиони евра. Сигурно е голема сума за автомобил кој не може да се вози на јавните патишта, но е сепак двојно поевтин од Centodieci, додека уникатниот La Voiture Noire беше речиси три пати поскап.

Поврзани вести

Back to top button