Cadillac со нов компактен кросовер

На специјален настан во арт-галерија во Њујорк, американскиот производител Cadillac го претстави новиот компактен XT4 кросовер

Овој модел е прв во историјата на брендот кој ќе добие електро-хидрауличен систем за сопирање и поддршка за NFC технологијата.

Должината на Cadillac XT4 е 4.599 mm, ширината 1.881, висината 1.627, растојанието помеѓу двете оски – 2.779 mm, а клиренсот 171 mm. Возилото се нуди со опција со само преден погон или на сите четири тркала. Во вториот случај задната оска е заклучена. SUV извебата е опремена со 2.0-литарски 4-цилиндерски турбо мотор. Двата цилиндри се исклучуваат при помали брзини. Моќта на единицата е 240 КС и 350 Nm вртежен момент, а работи во комбинација со 9-брзински автоматски менувач.

Cadillac

Cadillac XT4 доаѓа во три нивоа на опрема – Luxury, Premium Luxury и Sport. Првиот од овие има 18-инчни тркала, електрично прилагодливи кожни седишта во 8 правци, LED фарови и двозонски клима уред. Топ-верзиите добиваат уште посебно осветлување на ентериерот, декоративни елементи од пластика, спортски волан, систем за следење на слепите зони и одржување на лентата на движење, мултимедијален систем и 4 USB-излези, факултативен панорамски покрив, 20-инчни тркала, Bosse аудио систем и адаптивна суспензија со електронски амортизери. Продажбата на Cadillac XT4 на пазарот во Северна Америка започнува во текот на летото, по почетна цена 35.790 долари.

Cadillac

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close