Camaro ZL1 и Camaro SS изработени во ограничено издание

Овие две специјални изданија создадени во соработка со Hertz и Hendrick Motorsports од следниот месец ќе може да се изнајмуваат на избраните локации во Америка

Почнувајќи од следниот месец, 2020 Chevrolet Camaro ZL1 и 2020 Camaro SS ќе бидат достапни за изнајмување на избрани локации на американските аеродроми (Атланта, Далас, Мајами, Орландо, Хјустон, Лос Анџелес, Сан Франциско …). Овие модели во црна боја со карактеристични жолти детали се создадени во соработка помеѓу Chevrolet и Hertz.

Hertz-Hendrick Camaro ZL1 има 6.2 литарски V8 мотор, 750 коњски сили и Callaway компресорот. За да се „зачини„ изгледот Hertz додава уникатни тркала како и специјални ознаки во внатершноста и надворешноста на возилата. Серијата е ограничена на 24 единици и секоја од нив ќе биде со потпис и лого на Hendrick Motorsports возачот Вилијам Бајрон.

Послабиот Hertz-Hendrick Camaro SS чиј 6.2 литарски LT1 V8 мотор има моќност од 480 коњски сили, вклучува изменет издувен систем, 20-инчни тркала во Satin Black издание, украсни графики, ознаки Hertz на влезовите на вратите, како и плоча со серискиот број на примерокот. Овој модел ќе биде достапен во 200 примероци.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close