fbpx

Chevrolet ја претстави целосно новата Corvette Z06

Американскиот производител Chevrolet ја претстави целосно новата Corvette Z06, првата високо перформансна варијанта на осмата генерација на својот модел

Corvette ја добива својата прва високо перформансна серија во својата осма генерација, откако Chevrolet ја претстави Z06 верзијата. Ова издание на Z06 ќе биде првото со централно поставен мотор во историјата на марката. Моделот ќе биде достапен како купе и кабрио, со себе носи и високоперформансни аеро карактеристики и природно аспириран 5,5-литарски V8 мотор. Истиот достигнува до 8.600 вртежи во минута, испорачува 679 КС и 623 Nm максимален вртежен момент.

„Новата Corvette Z06 го дефинира американскиот суперавтомобил. Изграден е со карактеристичен дизајн и неверојатни динамики претставени со новата генерација на Corvette и ги издигнува истите со цел да донесе рафинирана, но бескомпромисна способност за патеката со перформанси од светска класа“, изјави претседателот на General Motors, Марк Ројс.

Значителни подобрувања на моторот

Моторот, кој интерно е познат како LT6, е DOHC V8 мотор каде респонзивноста и способноста беа врвни приоритети при создавањето. Токму затоа Chevrolet избра да не ја забавува респонзивноста со принудна индукција и се одлучи за лесен дизајн на коленестото вратило и релативно краток од.

Со цел да биде подготвен за патеката, моторот добива и тркачки систем за подмачкување со сув картер. За да биде подготвен за тркање, моторот е тестиран на тркачките патеки ширум светот преку C8.R тркачката програма која освои шест победи заедно со конструкторската титула во IMSA 2020 сезоната.

Моторот е направен целосно од алуминиум, но и понатаму го добива препознатливиот 111,76-милиметарски проред на отворите на малиот блок. Новите двојни глави на брегастата осовина се дизајнирани со целосно CNC-машински комори за согорување и влезни порти, поддржувајќи механички „finger follower“ погон. Исто така добива и ковани алуминиумски клипови и ковани титаниумски поврзувачки прачки, за помала маса и поголема цврстина.

Изобилие на карбонски елементи

Визуелно, новата Corvette Z06 се разликува себе си од стандардниот модел благодарение на пошироките предни крила и новиот лик. Со дополнителната ширина и новиот преден изглед, Z06 е способен да собере повеќе воздух во централниот разменувач на топлина за да обезбеди повеќе ладење за моќниот мотор, сопирачките и менувачот. Како стандард, Corvette Z06 пристигнува со преден нов сплитер и заден спојлер кој нуди потисна сила од 165,5 килограми при 300 километри на час.

Достапниот карбонски пакет нуди поголем преден сплитер, предни перки, масивно задно крило и аеродинамични додатоци на подвозјето за максимална потисна сила и способност за маневрирање. Основниот систем на потпирање од Corvette Stingray останува и за Z06, но SLA предната и задната суспензија се тјунирани за повисоки перформансни капацитети. Magnetic Selective Ride Control 4.0 пристигнува како стандард. Z06 пристигнува и со „launch control“, Performance Traction менаџмент, како и електронски диференцијал со ограничено пролизгување. Моделот добива и поголеми сопирачки, како и карбонски опционални тркала кои ја намалуваат тежината за 18,6 килограми.

Луксуз во ентериерот

Во светот на суперавтомобилите, перформансите не се единствените кои значат, па за да остане во чекор со конкуренцијата, Chevrolet го опреми Z06 со лесни, но премиум материјали. Така, моделот пристигнува со карбонски управувач, лопатки за менување брзини, а новиот карбонски трим пакет нуди уште повеќе елементи од овој материјал за комплетна тркачка естетика. Ако сакате олд-скул луксуз, моделот може да се добие со кожен ентериер и опционална Adrenaline Red боја.

Производството на новиот Corvette Z06 треба да започне со производство наскоро, а цените се уште не се објавени.

Поврзани вести

Back to top button