fbpx

Citroën Berlingo, Opel Combo и Peugeot Rifter ја освоија титулата AUTOBEST 2019

Помеѓу 6-те финалисти на конкурсот, новиот Citroën Berlingo заедно со своите браќа Combo и Rifter беше избран за носител на титулата за Best Buy Car of Europe

Откако Линда Џексон, извршен директор на Citroën, ја доби наградата MANBEST за 2018, членовите на жирито на Autobest ги објавија резултатите и од трката за најдобар избор за купување на автомобил за 2019 година. Новиот Citroën Berlingo е носител на титулата заедно со Peugeot Rifter и Opel Combo Life.

Организацијата Autobest постои од 2001 година и прогласува победник на годишно ниво, оценет како најдобар производ врз основа на гласовите на своите членови. Жирито го сочинуваат 31 члена, кои претставуваат 31 земја во Европа. Автомобилите се оценуваат врз основа на 13 критериуми кои вклучуваат сооднос на цена, квалитет, дизајн, удобност, технологија, услуга и достапност на резервни делови во дистрибутивната мрежа.

Втора година по ред, Citroën ја доби наградата од жирито на Autobest. По Citroën C3 Aircross Compact SUV, носител на титулата за 2018, новиот Citroën Berlingo ги освои гласовите на жирито, благодарение на својот ажуриран дизајн, технологијата што ја нуди, моторите од последната генерација и соодносот цена-квалитет. Новата генерација на моделот е инспирирана од очекувањата на клиентите и е илустрација на слоганот на брендот, „Инспириран од вас“. Автомобил со многу лица, новиот Citroën Berlingo е совршен како за семејства, така и за луѓе кои водат активен начин на живот и бараат функционален автомобил.

AUTOBEST 2019

Наградата COMPANYBEST 2018 отиде кај Aston Martin Lagonda. Тоа е признание за неверојатната трансформација на британската компанија под раководство на д-р Енди Палмер и неговиот менаџерски тим. Жирито ја награди и Rear Occupant Alert технологијата на Hyundai со наградата SAFETYBEST 2018. Овој пионерски систем ги открива движењата на задните седишта и делува како превенција родителите да не ги оставаат децата во топол автомобил. За исклучителниот придонес во поврзувањето на возачот и вештачката интелигенција во автомобилот, наградата SMARTBEST 2018 отиде кај BMW за неговиот Intelligent Personal Assistant, а Jaguar I-Pace е добитник на наградата ECOBEST 2018. Првиот електричен Jaguar исто така е и првиот премиум електричен SUV кој доаѓа од европски производител.

Добитниците на наградите MANBEST, TECHNOBEST, DESIGNBEST и SPORTBEST беа објавени после салонот на автомобилите во Париз. Доделувањето на наградите на AUTOBEST ќе се одржи на 7-ми февруари 2019 година во Брисел, Белгија. Следејќи ја традицијата, меѓународното AUTOBEST жири секоја година ги доделува наградите во друга земја. Претходната AUTOBEST Gala манифестација се одржа во Салцбург, Австрија.

Поврзани вести

Back to top button