Citroën го претстави plug-in хибридниот C5 Aircross

По Peugeot 508 и 3008, plug-in хибридниот погон на PSA сега го добива и Citroën C5 Aircross

Електричната офанзива на марката започна со претставувањето на новата plug-in хибридна варијанта на францускиот кросовер C5 Aircross. Како и кај plug-in хибридните модели на Peugeot, така и Citroën C5 Aircross Hybrid го комбинира 1,6 литарскиот PureTech турбо бензински мотор со електрична единица, кои заедно испорачуваат комбиниран излез од 225 коњски сили и 320 Nm вртежен момент.

Погонскиот агрегат исто така вклучува и електрифициран ë-EAT8, осум-степен автоматски менувач поврзан со електричниот мотор од 80 kW на предната оска и батерија од 13,2 kWh. Ова е местото каде што C5 Aircross Hybrid се разликува од Peugeot 508 Hybrid, кој има батерија од 11,8 kWh. Батерискиот пакет е сместен под задните седишта и му овозможува на кросоверот електричен опсег од 50 километри според WLTP циклусот. Просечната потрошувачка на гориво е оценета на 1,7 l/100 km.

Хибридниот кросовер може да се препознае благодарение на специфичните акценти по надворешноста, логото „ḧybrid“ на багажната врата и ознаките „ḧ“. Кабината се карактеризира со нов графички 12,3-инчен дигитален инструмент панел, 8,0-инчен таблет поставен во централниот дел и селектор на работни режими исто така поставен во централниот дел. Покрај електричниот режим кој може да се користи до брзина од 135 km/h, C5 Aircross Hybrid може да се управува и во хибриден и спортски режим.

Новиот C5 Aircross Hybrid е достапен за нарачка во Франција со почетна цена од 39.950 евра, а испораките се очекува да започнат кон средината на 2020 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close