fbpx

Citroën со нов директор за дизајн

Citroën објави дека од 1 ноември компанијата ќе има нов директор за дизајн

Пјер Леклер ќе го замени Александар Малвал кој го водеше одделот за дизајн уште од 2012 година. Леклер има 46 години, а своето знаење го стекнува во Art Center College of Design во Пасадена, Калифорнија, во 1998 година. Во светот на автомобилскиот дизајн тој има богато портфолио, а тоа почнува од Ghia одделот на Ford во Италија веднаш по студиите.

Од 2000 година станува дел од тимот на BMW Group, каде работи на проекти за BMW и Mini, а од 2011 година се префрла во М секторот. Во 2013 година ја презема функцијата дизајн директор на Great Wall Motors, а минатата година беше назначен на истата функција во Kia Motors во Јужна Кореја.

„Би сакал да му заблагодарам на Александар Малвал за неговиот придонес кон обновувањето на Citroën Styling и за високиот квалитет на нашата комуникација“, вели Линда Џексон, извршен директор на Citroën.

„Со назначувањето на Пјер Леклер како директор на дизајнот на Citroën, јас сум целосно безбедна во нашата способност да започнеме нов креативен циклус на модели со уште посилен дизајн и да го продолжиме фокусот на удобноста, кој е основен за брендот“.

Поврзани вести

Back to top button