fbpx

Citroen продае 300.000 единици од моделот С3!

За време на салонот во Женева, Линда Џексон, извршен директор на Citroen, објави дека продажбата на третата генерација на хит моделот за Citroen, субкомпакниот C3 достигнаа ниво од 300.000 единици, за помалку од 18 месеци по пазарното лансирање на возилото

Од Citroen не кријат дека се задоволни од пазарното претставување на актуелната генерација на моделот С3. Благодарејќи на извонредниот успех на моделот, но и посебно приготвената стратегија со целата гама и севкупен настап, остварен е раст од 46% во продажбата на автомобили во Европа во текот на изминатата година. Во 2017, Citroen и во глобални рамки забележа најдобра за изминатите шест години реализација, а радува фактот што 45% од купените претставници биле со највисоко ниво на опрема.

Citroen С3
1 | С3
2 | С3
3 | С3

    Од „двојниот Шеврон“ објавија и други интересни статистички податоци поврзани за пазарното претставување на С3, како што се: 60% од продажбата биле со двобојната имплементација, 55% биле опремени со уникатниот за брендот сигурносен систем Airbump, а речиси 30 % од корисниците ја персонализирале внатрешноста на нивниот нов автомобил по свој вкус.

    Поврзани вести

    Back to top button