fbpx

Continental претвори класичен VW T2 во концепт по име Ambienc3

На Салонот во Минхен кој се одржа минатата недела, Continental го претстави својот концепт наречен Ambienc3

Снабдувачите вообичаено не добиваат преголемо внимание за време на автомобилските салони. Таков беше случајот и со Continental, кој во сенка на сите збиднувања во Минхен минатата недела, го претстави својот концепт кој го доби името Ambienc3. Концептот е базиран на Volkswagen T2 и е опремен со иновативни и одржливи материјали како и најнови технологии.

Замислен за ерата на автономното возење, моделот се одликува со футуристички ентериер кој функционира како таканаречен „трет простор“ – веднаш по домот и канцеларијата – кој им овозможува на луѓето да работат или да се опуштат во него. Концептот има минималистички кокпит со правоаголен управувач, што се наметнува како најнова мода во автомобилската индустрија, како и дигитален инструмент кластер и дигитален внатрешен ретровизор, кој исто така нуди и 360-степен преглед на околината околу возилото.

Покрај ова, ентериерот се одликува и со контролна табла од стилско дрво, бело возачко седиште со „staynu“ технологија, која помага седиштето да биде отпорно на дамки и валканици, а притоа е евтин и еколошки. Кога станува збор за ентериерот, во истиот не се наоѓаат „перманентно видливи контроли“. Наместо тоа, тие се сокриени под површините и се осветлуваат кога возилото се користи.

Ambienc3

Тука е и „лаунџ“ клупата чиј потпирач за грбот делува како да е направен од мермер. Концептот исто така е опремен со елегантно столче кое е обложено со дрво и добива вграден потпирач за раката. Меѓу останатите работи кои треба да се истакнат, тука е и SMEG апаратот за кафе, Ac2ated аудио системот без звучници, како и природните, обновливи и рециклирани материјали.

Ambienc3

Continental не соопшти многу детали, но Ambienc3 има и соларен панел на покривот и „интелигентна контрола на стаклата со функции за подесување на затемнувањето и греењето.

Поврзани вести

Back to top button