Continental развива пневматик кој се дува сам при возење

Германскиот автомобилски снабдувач и специјалист за пневматици разви иновативен концепт на пневматици кои се дуваат во возење

Пневматикот наречен C.A.R.E. (Connected. Autonomous. Reliable. Electrified), има сензори кои генерираат и континуирано ги проценуваат податоците во врска со длабочината на шарата, можното оштетување, температурата на гумите и притисокот во гумите. Информациите собрани од овие сензори се пренесуваат во ContiConnect Live, каде некој може далечински да управува со состојбата на гумата.

C.A.R.E. пневматикот има и центрифугални пумпи вградени во тркалото. Како што возилото забрзува, центрифугалните сили создадени во рамките на тркалото делуваат на пумпата за да генерира компримиран воздух. Continental ја претстави оваа PressureProof технологија, со цел да се осигура дека пневматиците секогаш се со вистинскиот притисок, кој влијае за подобрување на ефикасноста и пад на емисиите на CO2. Вишокот на создадениот компримиран воздух од центрифугалните сили се чува во интегриран резервоар, кој многу лесно може да се пренесе како притисок во пневматиците ако е потребно.

Continental не кажа кога и дали ваквата технологија би можела да влезе во производната линија. Она што се вели е дека ваквата технологија може да обезбеди ефикасна форма на управување со пневматиците за модерните робо-такси флоти, со зголемување на перформансите и оптимизирање на трошоците. Таквата гума може да помогне и во ефикасноста на електрифицирани и авто-управувани возила во приватна сопственост.

Претходно оваа година, Continental разви свој сопствен благ-хибриден погон од 48 волти, што планира да го снабдува до избрани производители на автомобили.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close