fbpx

Continental со системот eHorizon ќе спаси милијарди литри дизел

Додека дизел моторот ја губи популарноста кај автомобилите, тој сепак е неопходен за секторот за комерцијални возила

Токму поради оваа неопходност кај комерцијалните возила, производителите на автомобили и добавувачите на различни системи работат напорно за да ги направат дизел моторите поеколошки.

Continental има сериозна алатка за таа цел, а истата е именувана eHorizon. Таа постои од 2012 година и има добри резултати кај овој тип на сообраќај. Според експертите од Continental овој систем има потенцијал да се доработи, а неговиот наследник, динамичниот eHorizon, ќе заштеди уште два проценти во споредба со својот претходник.

eHorizon има за задача да ја следи позицијата на возилото со прецизни топографски карти и да користи информации за рутата на возилата, на пример системот информира дека е потребно забрзување бидејќи следи искачување или пак за одземање на гас пред надолнина и на тој начин заштедува уште повеќе гориво. Ова ја одредува динамиката на возењето со податоци што се испорачуваат и анализираат во реално време. Ова им овозможува на пресметките да ја следат моменталната ситуација во сообраќајот. Системот во моментов е подложен на финални тестови во фазата на претпроизводство.

Поврзани вести

Back to top button