fbpx

Corvette C6 модифицирана во Batmobile стил

Модифицираната Corvette C6 го носи називот Slash, а е дело на човекот кој го направи автомобилот на Joker во филмот Suicide Squad

Модификациите на Corvette C6 ги направи Мајк Ветер. Неговото име е познато на обожавателите на филмовите за суперхерои со оглед на тоа дека Ветер повремено произведува автомобили кои се користат за снимањата. Овој C6 под називот Slash се уште не е користен на некој филмски свет, но не се исклучува негово појавување на екраните. Во моментов, овој автомобил се наоѓа на продажба на eBay, а идниот сопственик за него ќе мора да издвои 89.000 долари.

Процесот на изработка на ова возило траело постепено во периодот од 2005 до 2013 година. Ентериерот е направен во ретро стил, а отскокнуваат унапредените седишта и естетските детали. За напојувањето е задолжен C6 6,2-литарскиот LS3 V8 мотор со 450 КС, а моќноста се пренесува на задните тркала со помош на автоматски менувач. Ветер на својот преуреден C6 го засили кочничкиот систем, а тука е и coilover системот на потпирање. Не треба да се заборави ниту издувниот систем со страничен излез.

Corvette C6

Техничките карактеристики можеби не соодветствуваат на цената, но на истата најмногу влијае изгледот на каросеријата. Во описот на eBay, продавачот вели дека често се соочувал со прашања за тоа дали ова е новиот Batmobile кој ќе се користи во новите филмови за Batman. Освен покривот, овој автомобил нема ниту трага од автентичниот изглед на Corvette C6. Шарките од Lambo вратите се поставени на задната страна, па така при нивното отварање автомобилот добива ефект на лилјак. Намалената видливост зад управувачот Ветер ја решил со предни и задни камери.

Ветер огласот за овој уникатен C6 модел кој наликува на Batmobil го објавил неодамна, а нуди и гаранција од една година.

Поврзани вести

Back to top button