fbpx

Cosworth создаде 3 цилиндричен мотор со 250 КС

Само пред неколку пишавме за новиот 6.5 литарски V12 мотор на Aston Martin, кој е развиен со помош на компанијата Cosworth и е наменет за моделот Aston Martin Valkyrie. Мотор кој развива моќност од 1014 КС. тој е светски рекордер по овој репер, а сега има доста интересни детали за неговото создавање.

Најинтересно е дека овој мотор беше првично 1.6 литарски 3-цилиндричен мотор, развиен од инженерите на Cosworth. Тие одлучија да тестираат каква моќ може да се добие од мотор со турбини, а воедно и да ги исполни сите барања за заштита на животната средина.

Конечниот резултат, постигнат од Британците е 3 цилиндричен мотор, кој со обем од 1.6 литри развива 250 КС. Тој работи, без да ги нарушува екостандартите и докажува дека дури агрегати со 3 цилиндри и мал волумен не смеат да бидат прогласени за здодевни и слаби.

Според шефот на Cosworth – Брус Вуд, првично во компанијата планирале развојот за моторот на Aston Martin Valkyrie да трае 12 месеци, но на крајот неговиот тим го има направено за 5 месеци. Дополинителното време, инженерите го искористиле да го изработат овој мал агрегат со високи перформанси.

Поврзани вести

Back to top button