fbpx

Cupra со нов купе-SUV модел Terramar

Првиот сериски модел на Cupra претставува купе-SUV наречен Terramar и би можел да се појави на пазарот во 2020 година

По одвојувањето од Seat, првиот самостоен модел на Cupra ќе биде нов член во купе-SUV сегментот, а се очекува да го носи името Terramar. Имено, првото возило под името Cupra претставува SUV моделот Cupra Ateca.

Новиот Terramar всушност ќе претставува купе изведба на SUV моделот Ateca, кој се наоѓа во класата на средни SUV модели, но ќе позајми дел од стилските знаци од новиот Tarraco.

Од сликите кои протекоа на интернет, можеме да видиме некои сличности со Tarraco. Овој модел носи подлабока и поширока предна решетка поставена на новиот и поагресивен браник, на кои исто така се наоѓаат и нови LED фарови. Линиите кои се протегаат во пределот на кровот, се многу поостри од тие кај Tarraco.

terramar

Што се однесува до агрегатот, овој SUV ќе ја превземе целата погонска технологија од Cupra Ateca. Така Terramar ќе биде погонуван од малку модифицираниот 2,0 литарскиот четири-цилиндарски турбо бензински мотор, кој испорачува моќност од 300 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm. Овој мотор ќе доаѓа во комбинација со седум-степен DSG менувач, а погонот ќе се испорачува до сите четири тркала.

Додека Ateca достига максимална брзина од 247 километри на час и притоа чини 43,450 евра, новиот Terramar се очекува да биде малку поскап но и секако побрз.

Новиот Terramar би можел да добие и своја хибридна plug-in изведба, но ова би се случило малку подоцна.
Се очекува овој модел да се појави на пазарот во 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button