fbpx

Curtiss Zeus со електричен радијален V8

Инспириран од легенрадниот V8 на Glenn Curtiss од 1907, Curtiss Motorcycles го претставија редизајнираната изведба на електричниот Zeus

По враќањето на сцената со електричниот Zeus во 2018 година, Curtiss Motorcycles, претходно познати како Confederate Motorcycles, сега ја претставија редизајнираната верзија на Zeus со убава скулптурална форма, која нуди електрично возење на класичниот V8 бензински мотор.

Curtiss Motorcycles е компанија со мисија да создадат одржливи, посакувани, меѓугенерациски, чисти и зелени моторцикли. Ова го постигнуваат со употреба на висококвалитетни материјали и изработка со класични занаетчиски техники, кои придонесуваат кон интригирачки и несекојдневен дизајн.

Новиот Curtiss Zeus доаѓа со свивачки дизајн и скелетна рамка, кои се само дел од волшебниот дизајн на овој моторцикл, кој претставува инспирација од легендарниот V8 моторцикл на Glenn Curtiss од 1907 година.

Curtiss

За да го постигне V-облик на бензинскиот мотор, дизајнерот Јордан Корнил создал осум-цилиндарски батериски пакувања, кои излегуваат надвор од централниот терминал од центарот на мотоциклот. Ваквиот отворен дизајн, исто така, помага и при поедноставно ладење на батериите. Компанијата тврди дека батерискиот пакет доаѓа со 16,8 kWh на 399V, но не споменува никакви спецификации за полнење.

Контролниот и моторниот пакет се развиени со британската инженерска фирма YASA. Од Curtiss велат дека трансмисијата е сеуште во развој, а очекуваат да придонесе за моќност од 217 коњски сили и вртежен момент од 200 Nm.

Новиот Zeus Radial V8 треба да влезе во производство во 2020 година, со цена од 75.000 долари.

Поврзани вести

Back to top button