Првиот електричен модел на Dacia за две години
Минатиот септември, за време на автомобилскиот салон во Франкфурт, раководни кадри од Renault навестија дека Dacia ќе продолжи свој развој на полето на електрични автомобили во блиска иднина
Сега информациите се потврдени и официјално, а блиска иднина е 2020 година. Ова стана мошне актуелно во услови кога е најавено дека до 2040 во Франција ќе биде воведена забрана за продажба на бензински и дизел автомобили, како и за производството на нафта и гас.
Треба да се има на ум дека романскиот производител на автомобили многу се смени откако е под капа на францускиот концерн Renault-Nissan. Без непотребни претензии, романската марка стана симбол на пристапен автомобил што Французите го постигнаа со стратегија на ниски цени, мали добивки и искористување од сите делови и технологии од претходните генерации на автомобилите Renault и Nissan.
Развојот на романскиот бренд очигледно ќе продолжи со офанзива во сегментот на електрични модели. По се изгледа дека како досега, технологии кои биле испробани во модели на Renault и партнерските марки Nissan и Mitsubishi, само ќе бидат префрлени во автомобилите на Dacia.
Првиот целосно електричен модел на Dacia се очекува во 2020 година, а неговата цена нема да надмине 15.000 евра. Според првичните информации, електричниот погон нема да се имплементира во веќе постоечкиот модел на Dacia, туку за оваа намена ќе биде дизајниран сосема нов автомобил.
Сепак, можеме да претпоставиме дека ќе има компактни димензии, а нејзините пропорции ќе бидат слични на оние на Sandero Stepway. Колку до платформата, засега најмногу логично звучи користењето на архитектурата и погонот на Renault Zoe, кое располага со 41 kWh литиум-јонска батерија и може да помине до 400 километри со едно полнење.