fbpx

Daimler лансираше електричен автомобил со 500 km автономија

Компанијата со заедничко вложување на Daimler и кинескиот гигант BYD- DENZA, лансира целосно нов електричен автомобил на кинескиот пазар

Електромобилот се нарекува DENZA 500 и е специјално дизајниран за локалниот пазар, а ветува дека ќе им понуди на корисниците модерен надворешен дизајн, диодни предни и задни светла, 9-инчен екран чувствителен на допир, систем за лесно наоѓање на локација на повеќе од 112.000 станици за полнење во земјата и како што сугерира името – автономна километража со едно полнење од околу 500 километри.

Denza 500
1 | DENZA 500
2 | DENZA 500

    Од Daimler додаваат дека DENZA 500 е тестиран во различни патни и атмосферски услови, вклучувајќи и во екстремни зимски температури до -40 степени. Во текот на изминатата година, компанијата DENZA која е заедничка сопственост на Daimler и BYD (50:50), забележа раст во реализацијата од 85%, а главни причини за тоа беа масовното пазарно навлегување на моделот на Denza 400, како и на фактот дека производите на марката и сервисните операции станаа дел од неколку избрани дилерстки центри на Mercedes-Benz во Кина.

    Поврзани вести

    Back to top button