fbpx

Daimler и Geely со заедничко вложување на возила во Кина

Daimler Mobility Services и Geely Group Company објавија дека двете компании постигнаа договор за создавање на нов потфат (50:50), главната цел е понудата на луксузни автомобили на територијата на Кина

Новата иницијатива на Daimler и Geely ќе нуди услуги во неколку кинески градови, а достапните автомобили нема да бидат ограничени со брендот Mercedes-Benz. Првично во флотата, достапни ќе бидат возила од моделите Mercedes-Benz S-Класа, E-Класа и V-Класа, како и Maybach, а портфолиото ќе биде проширено дополнително со луксузни електрични автомобили на Geely Group.

Во моментов Geely Holding ја поседува компанија за споделено патување- CaoCao, која оперира со повеќе од 29.000 електрични возила на територијата на 28 кинески градови и има 17 милиони регистрирани корисници.

Секој ден во Кина, CaoCao исполнува повеќе од 360.000 патувања.

Daimler

Поврзани вести

Back to top button