Daimler казнет со 870 милиони евра во Германија

Германските власти го казнија Daimler со 870 милиони евра за немарни прекршоци поврзани со продажбата на дизел автомобилите

Обвинителите откриле дека производителот на автомобили продал околу 684.000 возила кои не ги исполнувале во целосно регулативите за емисија на азотни оксиди, се вели во соопштението на властите од Штутгарт.

Во посебна изјава, Daimler, кој изработува Mercedes-Benz автомобили, изјави дека оваа казна не се очекува да има значително влијание врз заработката од третиот квартал. Паричната казна е најновиот резултат од зголемената контрола како резултат на скандалот со дизел на Volkswagen Group, која продолжува да владее нив германската авто индустрија четири години подоцна.

Извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис и претседателот Ханс Дитер Поет, во вторникот беа обвинети за манипулација со пазарот во Германија за обвиненија дека не успеале доволно рано да ги известат инвеститорите за „лажните“ мотори. Обвинет е и поранешниот извршен директор, Мартин Винтеркорн.

Властите во Штутгарт, родниот град на Daimler, отворија постапка на почетокот од оваа година. Porsche на Volkswagen во мај се спогоди за 535 милиони евра, а добавувачот на делови Robert Bosch се согласи да плати 90 милиони евра.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close