fbpx

Директорите на Daimler и Volvo не веруваат во сојуз меѓу нив

Лидерите на Daimler и Volvo разговараа за можноста за создавање на заеднички сојуз

Оваа идеја е на главниот акционер во двата производители – кинескиот Geely, чиј претседател Ли Шуфу, сака да создаде нов сојуз во автомобилската индустрија, објави Automotive News.

Кинескиот милијардер и неговата компанија Geely се сопственици на Volvo Cars, имаат удел во оделот за камиони AB Volvo и држат 49,9% од акциите во малезискиот прозиводител Prorton. Пред две недели Шуфу купи и 10% од Daimler, а сега инсистира на создавање на алијанса која според него, треба да се „спротивстави на технолошките конкуренти и да даде одговор на Uber и Google”.

Меѓутоа, Daimler и Volvo, се скептични за такво нешто. На салонот во Женева, еден од директорите на германскиот концерн рече дека таквата соработка може да донесе повеќе предности и недостатоци отколку бенефиции. „Ние сакаме профитабилна алијанса, а со предавањето на нашите технологии на Volvo и Geely нема како да заработиме“, коментираше еден од директорите на Daimler, кој посака да остане анонимен.

Предлогот на Geely не претставува посебен предизвик за Германците и од друга гледна точка, бидејки тие веќе имаат договор со Renault-Nissan за ко-развој на електрични автомобили. Покрај тоа, Daimler соработува со друга кинеска компанија – BAIC Motor Corp, која е нивниот главен партнер на најголемиот пазар во светот.


– Го поздравуваме влегувањето на нашиот нов акционер Ли Шуфу и компанијата Geely, но за нас на прво место е токму нашата соработка со BAIC, потенцираше извршниот директор на Daimler, Дитер Цетче пред новинарите во Женева.

Друга голема можност за сличен сојуз е фактот што Geely има удел во компанијата која произведува камиони Volvo. Но, тие се главен конкурент на камионите на Daimler, па според претседателот на Volvo Cars, Хакан Самуелсон, не може да дојде до било каква соработка, можеби нешто на технолошки план, меѓу Германци и Швеѓаните.


– Моќните компании не сакаат да ја споделат својата технологија со конкуренцијата по било која цена. Ако мислите дека сте направиле нешто подобро од другите, немате интерес да го споделите тоа со никого, рече Самуелсон.

Поврзани вести

Back to top button