fbpx

Деветтата фаза на релито Дакар е откажана

Директорот на релито Дакар, Марк Кома, објави дека деветтата фаза од трката е откажана од безбедносни причини

Во текот на денот, се очекува дека ќе има бури и поројни дождови, а Шпанецот изјави за медиумите дека не сака да ги ризикува животите на натпреварувачите.

Одложениот дел требаше да биде последен ( 242 km) од Боливија за сите категории меѓу градовите Тупиза и Салта. На крајот, кампот е преместен во Салта, а учесниците веќе беа пренасочени. Ова е само втората промена во агендата во Дакар оваа година. За споредба, во 2017 година изданието беше исполнето со повеќе откажани етапи, што ги налути натпреварувачите и нивните тимови.

Дакар

Поврзани вести

Back to top button