fbpx

Ал-Атија ја освои првата етапа по стартот во Лима

Aл-Атија на Toyota ја освои првата фаза на 40-тото рели Дакар, која се возеше на потегот од Лима до Пиксо

Ова е најкратката делница на релито, која се возеше крај главниот град на Перу и беше со должина 31 километар.

Двократниот победник во релито, Катерцот Насер Ал-Атија со Hilux потврди уште на стартот дека е подготвен и годинава, се разбира како што вели тој самиот ако конечно го посака среќата, да атакува на нов триумф. Втората позиција му припадна на неговиот клубски колега Бернард тен Бринке.

Ал-Атија постигна време од 21,51 минута, а Бринке заврши 25 секунди зад него. Третото место изненадувачки беше освоено од локалната ѕвезда Николас Фукс, кој инаку вози во светскиот рели шампионат во група WRC2, а тука ја претставува ревитализираната германска автомобилска марка Borgward.

Првата фаза од релито донесе сериозни штети на возилото, а со тоа пропаднаа и амбициите за победа, на еден од најголемите претенденти за титулата годнава, Себастијан Лоеб, кој малку по стартот имаше дефект во сопирачките на неговиот Peugeot 3008 DKR Maxi и како резултат на тоа заостана речиси 6 минути од Ал Атија.

Почнувајки на првата позиција како резултат на неговата победа во 2017 година, Стефан Петтерангел / Жан-Пол Котере завршија на 11-тото место по преземањето на внимателен пристап. Почнувајки од првата позиција, како резултат на неговата победа во 2017 година, Стефан Петерансел заврши на 11-тото место . Тој се оддалечи од маршутата само неколку милји, пред да биде удрен во задниот дел од друг автомобил, но нивниот 3008DKR Maxi не беше посериозно оштетен.

Победникот минатата година, Сем Сандерленд со КТМ, ја освои првата фаза кај мотоциклистите со 20,56 минути, дури 32 секунди пред Адриен ван Беверен на Yamaha. Чехот Алес Лопрајс со Tatra се искачи на врвот во категорија на камионите во првата фаза на релито.

Втората етапа е со должина од 278 километри во околината на Писко. Со кањони во првите 40 километри од посебната етапа, проследено со песочни дини, теренот ќе понуди разновиден предизвик.

Поврзани вести

Back to top button