fbpx

Дали би се откажале од својот автомобил за 3.000 фунти годишно?

Нов проект на британската влада која со помош на финансиски поттик, ги мотивира возачите да почнат да го користат јавниот превоз, наместо своите автомобили

Британската влада започнува нов проект, со која на секој возач кој ќе се откаже од својот автомобил, ќе му бидат доделени 3000 фунти на годишно ниво, кои ќе ги користи за јавен превоз. Ова е нова кампања со цел да се намали застојот во соовраќајот, како и загадувањето на воздухот.

Возачите кои ќе се согласат на ова, ќе добијат сума од 2000 до 3000 фунти годишно, со помош на кои тие ќе можат да си платат јавен превоз, изнајмување на електричен автомобил или велосипед. Сите тие кои ќе се дел од ова, ќе добијат кредит во вид на патна картичка или апликација на паметните телефони, со помош на која ќе можат да ги трошат расположливите средства на разните алтернативни еколошки транспортни методи.

Како дел од владините грантови за идната мобилност од 20 милиони фунти, проектот ќе биде лансиран во Ковентри. За времетрање на пробниот период се очекува повеќе од 100 возачите да се откажат привремено од своите автомобили, со цел да ги утврдат потребните средства за мотивација и убедување на луѓето трајно да го сменат начинот на патување.

Доколку оваа шема е успешна и трајно се прошири по територијата на целата земја, првично ќе биде платена од даночниот обврзник, пред да се обезбедат долгорочни средства од приватните фирми, како клубовите за електрични автомобили, автобуските компании и операторите на возовите.

Податоците објавени кон почетокот на оваа година сугерираат дека сообраќајните застои ја чинат Велика Британија 7,9 билиони фунти во 2018 година, што би значело 1.317 фунти по возач.

„Патувањето низ регионот сакаме да го направиме брзо, евтино и лесно за сите, создавајќи низа сигурни алтернативи за сопствениците на приватни автомобили“, изјави Енди Стрит, градоначалник на Западен Мидлендс.

Поврзани вести

Back to top button