Daymak го претстави соларниот скутер
Канадската компанија со промоција на својот целосно нов затворен скутер со соларен погон
Канадската компанија Daymak специјализирана за мали електрични возила, го претстави својот нов модел, малиот затворен мобилен скутер, придвижуван со помош на соларен погон. Тие објавија четири верзии кои во зависност од карактеристиките и опсегот, ќе имаат цена од 6.000 до 9.000 долари.
Карактеристиките на ваквите возила не се баш со најширок опсег, но новиот Boomerbuggy X ги нуди сите неопходни карактеристики, особено потребни за лицата со ограничена подвижност. Тука вклучени се греењето и автоматската клима, а благодарение на 1.200 W мотор, малиот скутер добива опсег на движење од 60 километри.
Сепак, сеуште не е познато дали сите верзии на електричното возило ќе доаѓаат со претставените соларни панели, но потврдено е дека најскапата верзија Boomerbuggy XS ќе биде опремена со 80W соларен панел. Останатите три верзии се опремени со 60V 45Ah оловно-киселински батерии.
Претседателот на компанијата е убеден дека нивниот производ ќе го промени светот на лицата со ограничена мобилност. „Постарите и луѓето со проблеми со движењето нема повеќе да бидат ограничени да патуваат само на топло и убаво време. Сега тие ќе можат да прошетаат по студ, дожд или сонце, што овозможува зголемување на слободата на мобилност“, изјави Алдо Бајоки.